Пјаца го расипа дебито на Манев во Осијек

Легендарниот хрватски фудбалер Марко Пјаца, беше човек на одлука на мечот помеѓу Ријека и Осијек, на кој деби имаше македонскиот репрезентативец Јован Манев.

Манев пред неколку дена стигна во Осијек од таборот на Адана Демирспор како позајмен играч, и веднаш се најде во стартниот состав. Но, на другата страна одличен меч одигра новото засилување за Ријека кое постигна два гола.

Осијек на крајот успеа само да го намали резултатот за конечен пораз од 2-1.

Се вчитува...