Пјонтек го носи Милан кон ЛШ

Милан продолжува со извонредните настапи во 2019 година откако „росонерите“ славеа на жешкиот терен во Бергамо над Аталанта со 1-3, и тоа со пресврт откакоо домаќините први дојдоа во водство.

Фројлер го отвори резултатот во корист на Аталанта, а клучен момент на средбата беше 46. минута од првото полувреме, кога Пјонтек буквално во последните секунди со прекрасен волеј удар го израмни резултатот.

Овој погодок ја зголеми самодовербата кај „росонерите“, кои тргнаа похрабро во вториот дел, па со голот на Чаланоглу стигнаа и до водство. Надежите на Аталанта за камбек потонаа кога Пјонтек го постигна својот втор погодок на мечот, овојпат со прецизен удар со глава по корнерот што го изведе Чаланоглу.

Се вчитува...