Пјонтек: Јас знам колку вредам, ама ова ниту јас не го очекував

Кжиштов Пјонтек признава дека „шест гола на пет натпревари за Милан е повеќе од што самиот очекувал“.

Ниту еден офанзивец пред Пјонтек во Милан не успеал за само 310 минути да постигне шест погодоци, а уште Полјакот против себе имаше ривали како Рома, Наполи и Аталанта…

„Јас секогаш верувам во себе, знам колку време, но признавам дека шет гола во пет меча воопшто не очекував“ – изјави Пјонтек по синоќешната победа од 3-1 против Аталанта во која постигна два гола.

„Внимателно ме чуваа, но знаев дека топката порано или подоцна ќе дојде до мене, па постојано бев подготвен за реакција“ – ја опишува и мајсторијата за 1-1 во стилот на Златан Ибрахимовиќ.

Можност за нов погодок ќе има веќе во петок на дуелот против Емполи на „Сан Сиро“.

Се вчитува...