Пјонтек повторно погодува, Милан повторно победува… (ВИДЕО)

Милан дојде и до четвртата победа во последните шест натпревари, наспроти две ремија, славејќи убедливо со 3-0 против Емполи во првиот натпревар од 25. коло во Серија А.

И, кој друг ако не Полјакот Пјонтек повторно не погоди за „миланезите“. Пјонтек го отвори резултатот на мечот со голот во 49. минута од средбата…

 

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Френк Кеси само две минути подоцна зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Шпанецот Кастиљехо во 67. минута.

 

Милан по овој триумф, со 45 бода, веќе се доближува до Интер на третата позиција на табелата.

Се вчитува...