Плачковица е мала за Беласица: Лесен триумф на струмичани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Беласица сосема очекувано запиша лесна победа од 3-0 (0-0) против Плачковица во првиот натпревар од 19. коло во Втората лига – Исток.

Со овој триумф струмичани само дополнително се зацврстија на врвот од табелата со 43 бода, сега десет повеќе од второпласираната Брегалница Штип која од 16 часот го игра својот натпревар од ова коло.

 

Во првото полувреме гостите умешно парираа на Беласица која до првиот погодок стигна преку Миле Костовски во 58. минута. Мартин Мирчевски во 64. минута зголеми на 2-0, а истиот фудбалер во 71. минута заокружи на 3-0.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...