Платини: Инфантино мора да си замине за непочитување на правилата на фудбалот

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, жестоко го нападна Џани Инфантино придружувајќи се на низата фудбалски работници кои побараа Швајцарецот да се повлече од претседателската функција во ФИФА.

Според него, низата потези што ги повече Инфантино за време на мундијалот претставуваат класично кршење на фудбалските правила за што мора да има соодветна казна.

„Економските прашања се една работа. Но, Инфантино пофрли во нешто многу позначајно, тој како претседател на ФИФА треба да гарантира за фудбалските правила да бидат почитувани секогаш, а тој прв ги прекрши, и тоа неколку пати… Никаде во правилата не стои дека треба да има одмор по три минути во полувреме за хидратација, а тој се правеше нем и го дозволи. Шоу од 30 минути на полувреме од финале на светско првенство не е предвидено со прописите на ФИФА. А црвениот картон на Балогун, тоа е апсолутно најлошиот случај во фудбалската историја“, истакна Платини.

„Секогаш знаев дека тој многу сака пари и моќ. Не разбира дека тој може да се гледа себе си како шеф на фудбалот, но реалноста е дека вистинските шефови низ годините се Мбапе, Зидан, Марадона…“, додаде Мишел Платини.

Се вчитува...