Плеј-оф ЛИГА НАЦИИ: Украина со два гола во последните пет минути и неверојатен пресврт ја шокираше БиХ…, Грција и Полска со „петарди“

Украина ќе игра во финалето од Лигата Б откако во повеќе од драматичен натпревар во Зеница славеше против БиХ со 1-2, благодарение на два гола во последните пет минути од мечот.

БиХ имаше предност се до 85. минута од средбата благодарение на голот на Хаџикадуниќ во 57. минута.

Но, во 85. минута Јаремчук погоди за 1-1, а во 88. минута Довбик стрелаше и за 1-2.

Во финалето Украина ќе се соочи со Исланд кој убедливо со 1-4 триумфираше на гости против Израел.

Во финалето од Лигата А ќе играат Полска и Велс откако триуфираа против Естонија односно Финска. Полјаците со 5-1 триумфираа против Естонците а Велс без никакви проблеми со 4-1 ја победи Финска.

Грција ќе игра против Грузија во финалето од Лигата Ц за место на ЕП 2024, откако во полуфиналната пресметка убедливо со 5-0 славеше против Казахстан.

ПЛЕЈ-ОФ – ЛИГА НАЦИИ

ЛИГА А (финале)

Полска – Велс

ЛИГА Б (финале)

Украина – Исланд

ЛИГА Ц (финале)

Грузија – Грција

Се вчитува...