ПЛМ: Кожув бара нови два бода во Аеродром, „штркчињата“ по ново изненадување

Богатата прволигашка програма за овој викенд ќе биде комплетирана со последниот натпревар од 17. коло во кој МЗТ Скопје 2 ќе го пречека составот на Кожув од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Младиот состав на Боро Даскаловски оваа сезона покажа вистински карактер и натпреварувачки дух па во походот кон опстанок меѓу најдобрите клубови во мак-баскетот „шткчињата“ влегуваат на овој натпревар со цел да изненадат уште еден фаворит во Аеродром. За разлика од нив, гевгеличани се во серија од две последователни победи со кои стигнаа до седмата победа во сезоната, но за место во Суперлигата ќе биде потребен триумф и во СЦ „Јане Сандански“.

Во фокусот денеска ќе биде бековската битка помеѓу Лука Савичевиќ и Димитар Караџовски, односно битката под обрачите помеѓу Роб Монтгомери и Никола Силаџи. Првиот дуел помеѓу овие два тима оваа сезона заврши со убедлива победа на Кожув, па тоа ќе мотивација повеќе за младинскиот состав на МЗТ Скопје.

Се вчитува...