ПЛМ: Куманово на гостување во Струга по место во плеј-офот

Прволигашката кошарка продолжува денеска со само еден натпревар во кој Куманово гостува на „фенерџијата“ Црн Дрим од 16 часот во обид да го осигура свето место во разигрувањето за титула.

Домаќините кои беа најактивни при крајот на преодниот период во обид да се осигура местото во „елитата“ и следната сезона, ги засилија своите редови со три нови кошаркари па ќе биде интересно да видиме дали Пантиќ, Соколовиќ или Грубор ќе дебитираат на денешниот меч, и воедно како ќе изгледа новajлијата во битката за опстанок.

За разлика од нив, Куманово веќе денеска има шанса да стигне до 11. победа во сезоната со која ќе го загарантира своето место во плеј-офот. На „сино-белите“ не им годи густиот распоред во кој по започнување на априлскиот „маратон“ не знаат за победа. Избраниците на Ѓорѓиевски се наоѓаат во серија од четири порази во низа па денешниот натпревар е од големо значење за враќање на самодовербата во најбитниот дел од сезоната.

Првиот натпревар одигран во Куманово заврши со победа на „сино-белите“, дуел во кој Куманово ја искористи предноста во висина со доминација на Андрејевиќ под обрачот, па гостите се фаворит и на овој меч, но на Црн Дрим е да докаже дека заслужува да се натпреварува меѓу најдобрите и следната сезона.

Се вчитува...