ПЛМ: Нов „сино-бел“ дуел во Куманово, ФМП на мегдан со Пелистер

Прволигашката кошарка продолжува денеска со три дуели од 16. коло, а првиот натпревар ќе биде одигран во Струга каде Црн Дрим од 16 часот го пречекува Гостивар.

„Сино-белите“ од западот на Македонија на оваа средба влегуваат со фаворитска улога и цел да им се вратат на победите по двата пораза во низа по репрезентативната пауза. На спортивната страна домаќините ќе се обидат да го изненадат составот на Србиновски со цел да останат во игра за изборување на опстанок.

Натпреварувањето продолжува од 18 часот и 30 минути во Битола каде фаворизираниот Пелистер го пречекува составот на Академија ФМП. Двата тима влегуваат во натпреварот на крилјата на победите во претходното коло над МЗТ 2, односно Црн Дрим па ќе биде интересно да видиме дали скопскиот состав ќе успее да го изненади фаворитот. Првиот натпревар одигран во Кисела Вода донесе лесна победа за „зелено-белите“ па тоа ќе биде мотив повеќе за избраниците на Петровиќ.

Богатиот кошаркарски ден ќе биде комплетиран со „сино-белиот“ меч во Куманово каде истоимениот домаќин го пречекува Еуро Никел. Двата тима се наоѓаат при редината на табелата, а во густиот распоред секоја победа е повеќе од потребна. Првиот меѓусебен натпревар оваа сезона му припадна на Еуро Никел, па избраниците на Ѓорѓиевски ќе се обидат да го одбранат „Перо Наков“.

Се вчитува...