Во просториите на кошаркарската репрезентација на Македонија денеска беше одржана ждрепката за утврдување на календарот за сезоната 2021/22 во женската прволигашка конкуренција. Слично како и претходната сезона и во новата сезона ќе се натпреваруваат тимови во две групи.
Во групата „А“ ќе бидат: Пробаскет, МЗТ Скопје Аеродром, Крива Паланка, Работнички, Струга 2005, Бадел 1862, Вардар и Баскет КАМ, а во првото коло кое е предвидено да започне на 9. октоври ќе се сретнат следните тимови
Баскет КАМ – Пробаскет
МЗТ Скопје Аеродром – Вардар
Бадел 1862 – Крива Паланка
Работнички – Струга 2009
Групата „Б“ ќе брои 10. клуба: Риниа, Мега баскет, Патриот, Шкупи, Гостивар, Куманово, Гризли, Пантери, Трокал и Тим Арена. Првото коло е предвидено да започне на 16. октомври, а во него ќе се сретнат:
Риниа – Тим Арена
Мега Баскет – Трокал
Патриот – Пантери
Шкупи – Гризли
Гостивар – Куманово
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА