ПЛЖ: Баскет КАМ останува перфектен, убедлива победа на Крива Паланка

Во шестото коло од Првата лига во женска конкуренција беа одиграни само два од предвидените шест натпревари, а домаќините забележаа убедливи победи.

Двете средби беа одиграни во групата „Исток“ каде  Баскет КАМ славеше во дуелот против МЗТ Скопје Аеродром со 87-65. Моника Зафировска со 22 поени беше првото име во домашниот состав, додека Наталија Белевска и Ивана Кметовска додадоа по 19 поени. Со оваа победа тимот од Македонска Каменица се искачи на делба на првото место на табелата со перфектен скор од три победи и ниеден пораз.

Убедлива победа забележа и Крива Паланка која славеше над Куманово 2020 со 114-37. Од оваа група слободен беше тимот на Вардар, додека во групата „Запад“ одложени беа дуелите помеѓу Трокал и Работнички, Гостивар и Пантери, како и Бадел 1892 и Шкупи.

Posted by КК Крива Паланка on Saturday, December 19, 2020

Се вчитува...