ПЛЖ: Фаворитски победи во второто коло

Овој викенд во рамките на Првата лига во женска конкуренција беа одиграни три натпревари во двете групи по кои убедливи победи забележаа екипите кои беа фаворити.

Во групата „Исток“, Вардар ја продолжи победничката серија со триумф од 90-41 на гостувањето во Аеродром против МЗТ Скопје. Убедливо славеше и КАМ Баскет кој со 106-46 забележа победа против новалијата Куманово. Тимовите на Крила Паланка и Про Баскет беа слободни.

Во рамките на групата „Запад“ беше одигран само еден натпревар во кој Трокал славеше над Шкупи со 63-30. Додека одложени беа дуелите помеѓу Работнички и Гостивар, и Струга 2009 и Пантери.

 

Се вчитува...