Прволигашката кошарка во женска конкуренција се врати на сцена со заостанатиот натпревар од првото коло во кој Струга 2009 славеше над Гостивар со убедливи 21-81.
Резултатска неизвеснот траеше само во првата четвртина во која резултатот гласеше 8-15, а веќе до полувремето избраничките на Владимир Ѓоровиќ стигнаа до позитива од +31 (9-40). Стружани продолжија во истиот тек и во продолжението од дуелот, третата четвртина ја добија со 5-17, додека резултатот во последните десет минути беше 7-24.
Предводник на гостиварчани со девет поени беше Глорија Божиноска, додека Патриција Лазареска натпреварот го заврши со пет поени. Габриела Модела беше предводник на стружани со 23 поени, додека Розе Укоска и Милан Вилјаноска додадоа по десет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА