Најдобриот тенисер на денешницата Јаник Синер се пласираше во ново финале на третиот гранд-слем турнир во сезоната Вимблдон, откако денеска полесно од очекуваното славеше над Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0, по сетови 6-4, 6-4 и 6-4.
Во својот говор по победата Синер истакна колку Ѓоковиќ ги инспирира другите тенисери.
„Да се игра против Новак и да се гледа она што тој продолжува да го прикажува е навистина голема инспирација. Не само за вас што не гледате, туку и за новите генерации. Тој е навистина неверојатен. Секогаш сме имале неизвесни дуели, тој ме победи во полуфиналето на Австралија опен. Се обидов да се прилагодам и да најдам нови начини за победа. Новак е сериозен играч, а неговиот претходен дуел со Феликс ќе остане запаметен. Се обидов да бидам агресивен и да сервирам што е можно подобро, тој е најдобар во враќањето на сервис во нашиот спорт, рака што задоволен сум од тоа како одиграв денеска“, рече Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
