Шпанскиот „Ас“ објави анализа според која аргентинската ѕвезда Лионел Меси (39) е статистички најдобриот играч на Светското првенство со рејтинг од 8,7, а воедно и играчот кој вложува најмалку физички напор.
Во пет натпревари, тој помина 35,87 километри, што е просек од 6,88 по натпревар, од кои пешачеше 4,41 километри, повеќе од кој било друг играч на турнирот.
Неговиот број на спринтови е исто така меѓу најниските, со просек од само 23 по натпревар, а истрчал делници со голема брзина во вкупна должина од само 631 метар.
Од друга страна, тој е смртоносен во нападот. Со осум гола, тој е водечки стрелец на првенството и има постигнато вкупно 21 гол на Светските првенства во својата кариера. Тој има најмногу голови надвор од шеснаесетникот, најмногу од слободни удари и највисока очекувана вредност на голови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
