Лажна е веста дека Мане се откажува од репрезентацијата на Сенегал

Капитенот и најдобар играч на Сенегал, Садио Мане, не го најавил крајот на својата репрезентативна кариера, според новинарот Маланга Сане.

Според Сане, медиумот што ја објавил оваа информација пласирал објава генерирана од вештачка интелигенција. Новинар близок до фудбалерот тврди дека Мане не дал никакви изјави во врска со својата иднина во националниот тим.

Мане е апсолутен рекордер на Сенегал со 54 постигнати гола на 130 натпревари за репрезентацијата. На ова Светско првенство, Сенегал стигна до осминафиналето, каде што загуби од Белгија (2-3).

Се вчитува...