ОФИЦИЈАЛНО: Жорже Жезус е нов селектор на Португалија

Искусниот Жорге Жесус е нов селектор на фудбалската репрезентација на Португалија, потпишувајќи договор до 2030 година. Португалската фудбалска федерација официјално го назначи 71-годишниот стратег за наследник на Роберто Мартинез, кој доби отказ по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство 2026 од Шпанија.

Тренерот роден во Амадора ќе ја има честа да ја предводи земјата на Мундијалот во 2030 година, каде Португалија е коорганизатор заедно со Шпанија, Мароко, Уругвај, Аргентина и Парагвај.

Жесус важи за еден од најуспешните португалски тренери, препознатлив по трите шампионски титули со Бенфика и неодамнешниот триумф во првенството на Саудиска Арабија со тимот на Ал-Наср, каде соработуваше со капитенот на репрезентацијата, Кристијано Роналдо.

Се вчитува...