Поранешната ѕвезда на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри, е уапсен како дел од истрагата за перење пари против шверцер на дрога познат како „Дивата свиња“, објави весникот „Сан“ , повикувајќи се на извори во Франција .
Се откри дека Насри, поранешен француски репрезентативец, имал наводни врски со криминалната мрежа на затворениот криминалец од Марсеј.
Тој моментално работи како коментатор за францускиот телевизиски канал Канал Плус и во четвртокот бил испрашуван 10 часа од полицијата, објави весникот „Паризиен“. За време на испрашувањето, Насри требало да даде исказ во поддршка на голема истрага за наводен увоз на дрога, криминален заговор и организирано перење пари од трговија со дрога. 39-годишната фудбалска ѕвезда на крајот беше ослободена во четвртокот вечерта без обвинение и против него не е покрената никаква правна постапка.
Во информацијата се наведува и дека агенциите за спроведување на законот во Франција ја истражуваат сериозноста на врските на Насри со криминалната мрежа создадена и контролирана од Карим Беребу – познат под прекарот Дивата свиња, кој е во затвор од 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
