ПЛЖ: Започнува плејофот, Бадел 1862 и Баскет КАМ на чекор до финале

Денеска започнуваат дуелите во разигрувањето за титула во женската конкуренција каде фаворитската улога им припаѓа на кошаркарките на Бадел 1862 и Баскет КАМ, кои впрочем полуфиналето од разигрувањето го започнуваат со предност од 1-0 поради учинокот во регулардниот дел од сезоната.

Првиот натпревар ќе биде одигран во „Кирил и Методиј“ од 13 часот, натпревар во кој Баскет Кам ќе се обиде повторно да ја потврди добрата игра од Купот на Македонија против составот на Вардар. Тимот од Македонска Каменица е прв фаворит за освојување на титулата, а младиот тим на Вардар ќе се стреми кон приредување на изненадување.

Вториот меч е со почеток од 18 часот во Кисела Вода каде Бадел 1862 ќе се обиде да стигне до ново финале со победа над Крива Паланка. Судејќи по меѓусебниот натпревар од Купот на Македонија, составот од североисточниот дел на Македонија ќе мора да одигра перфектно во сите 40 минути против далеку поискусниот тим од Скопје.

Се вчитува...