ПЛЖ: Засилувања во Струга и Крива Паланка во пресрет на Суперлигата, тренерска промена во Вардар (ФОТО)

Прволигашките клубови во женската конкуренција продолжуваат со засилувањата во пресрет на битката за титула во домашното првенство. Откако Бадел 1862 во своите редови доведе две репрезентативки, Струга 2009 и Крива Паланка своите погледи ги насочија кон соседството.

Нови кошаркарки на тренерот Ѓоровиќ се Милена Лаковиќ и Наталија Спаиќ, кои доаѓаат од соседна Србија. 186 центиметри високата Лаковиќ игра на позицијата центар и доаѓа од ЖКК Врбас, додека Спаиќ (170cm) доаѓа од редовите на Спартак Суботица и ќе биде засилување на бековските позиции.

„Се надевам дека со своите квалитети и искуство Милена и Наталија ќе им помогнат на нашите млади кошаркарки, и да се претставиме што подобро во Суперлигата“ – изјави тренерот на Струга 2009.

ЖКК Крива Паланка во продолжението од сезоната покрај во играчкиот кадар ќе биде засилена и во тренерскиот со српскиот стратег Слаѓан Ивиќ. Нови кошаркарки на североистокот пак се Србинката Милена Марјановиќ, како и поранешната репрезентативка на Црна Гора, Марија Вујадиновиќ-Петровиќ. Марјановиќ игра на центарската позиција, додека Вујадиновиќ-Петровиќ ќе го разигрува тимот.

Добредојдовте во КК Крива Паланка. Крива Паланка испишува нови страници во кошаркарската мапа на РС Македoнија

Posted by КК Крива Паланка on Sunday, March 14, 2021

Убедливот пораз од Баскет Кам донесе промени во Вардар каде на тренерското местото, каде наместо Жаклина Стојановска, ќе седне некогашната најдобра кошаркарка на „црвено-црните“, Славица Наков, за која ова ќе биде прв ангажман како тренер на сениорски тим.

„Пред се благодарност до управата на Вардар за довербата која ми ја дадоа. Со оглед на фактот дека подолг период сум дел од клубот, до лани како играч, а оваа сезона како тренер во младинските категории, добро ги познавам девојките и квалитетот на екипата. Под менторство на тренерите на КК Вардар и добра соработка со играчите верувам дека успешно ќе ја завршиме сезоната и се надевам дека ќе го повториме успехот од претходната” – изјави Наков.

Се вчитува...