ПМФЛ, 20 КОЛО: Шкендија со убедлив триумф од Велес (ВИДЕО)

Екипата на Шкендија полека ја руши непријатната традиција на гостувањата во Велес, и дојде до втората победа по ред на гостувањата во овој град. Попладнево на стадионот „Зоран Паунов“, тетовскиот тим ја потврди својата доминација и квалитет, и триумфираше со 0-3 над Борец. Иако во текот на натпреварот имаше и една контроверзна одлука, односно недосуден пенал за Борец, сепак, победата на Шкендија е чиста и заслужена, а можеше да биде и со поголема разлика.

Откако Маркоски не реализираше голема шанса, односно Алчевски чудесно одбрани, Маркоски во 44. минута од мечот донесе водство. По една добра акција и нафрлување од десната страна, Маркоски погоди во мрежата на Алчевски.

Во вториот дел, во 60. минута Тимовски по проигрување на Хасани успеа да зголеми на 0-2. Тимовски едноставно ја „заби“ топката под пречката на немоќниот Алчевски. Во 78. минута и трет гол во мрежата на Борец, откако Тимовски нафрли, а Дита шутираше прецизно во голот на Алчевски.

Шкендија дојде и до вториот триумф во пролетниот дел, и сега ќе чека „кикс“ на Шкупи за да му се доближи.

Тетовскиот тим попладнево можеше да триумфира и со поголема разлика, но Алчевски одбрани неколку тешки удари, и беше најдобриот поединец во поразениот тим.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...