ПМФЛ, 21. коло: Залетаните „лавови“ го сакаат „скалпот“ и на Брегалница

Со денешниот натпревар помеѓу Македонија ЃП и Брегалница, започнуваат возбудувањата во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига. Дуелот во Ѓорче Петров привлекува многу внимание од многу аспекти.

Првиот е враќањето на Илчо Ѓорѓиоски на теренот во Ѓорче, на теренот на кој на тимот му ја донесе единствената шампионска титула во историјата. Ѓорѓиоски сега како гостин, како шеф на струката на Брегалница, ќе брка прв триумф како тренер на „сините“ откако ги превзеде на почетокот од подготовките за пролетниот дел.

Меѓутоа ова ќе биде и дуел на екипи кои се борат за излез во Европа, и во обид да го стигнат составот на Академија Пандев на третото место на табелата. Македонија ЃП со одличната серија на резултати, и двете победи на стартот од пролетта се искачија дури на четвртото место, додека Брегалница ќе се обиде сега да го остане во игра за таа трета позиција, после поразот и ремито во првите две кола од пролетната полусезона.

„Одигравме добар натпревар во Струга, беше тоа тешко гостување на кое победата ја испуштивме на крајот. Сега не очекува уште едно тешко гостување во Ѓорче Петров против Македонија ЃП, тим кој е навистина одличен и максимално го почитувме. Но, мора да дадеме се од себе за позитивен резултат. Свесни сме дека имаме квалитетен тим кој може да се надигрува со секого, и тоа треба да го покажеме на терен на утрешниот натпревар“ – вели Јован Манев, играчот на Брегалница.

Се вчитува...