ПМФЛ, 22. КОЛО: Тиквеш и Скопје тргнуваат по надежта за директен опстанок

Во Кавадарци денеска се игра директниот дуел за опстанок во Лигата. И Тиквеш и Скопје имаат шанси да дојдат до местата кои гарантираат прволигашки статус следната сезона, а многу работи ќе зависат од овој натпревар. Иако и двата тима се далеку од тоа 8. место, сепак, и едните и другите ќе се обидат на крајот да обезбедат „чист“ опстанок, односно без бараж.

Тиквеш е како благ фаворит, пред се поради домашниот терен, иако кавадарчани пред две кола тешко го совладаа „фенерџијата“ Пелистер, но минатото коло против лидерот Шкупи покажаа заби на „Чаир“ и загубија минимално 3-2.

Скопје, пак, освои само бод во првите три кола од шампионатот и тоа против велешки Борец, а загуби катастрофално од Академија Пандев и минатото коло од Работнички на свој терен. Токму поразот од „романтичарите“ драстично ги намали нивните шанси за опстанок во лигата, па така ќе мора сега да освојат бод(ови) од ова гостување, и потоа да се обидат да дојдат до посакуваната кота за уште една прволигашка сезона.

Кавадаречкиот тим на последните четири натпревари дома во првенството, има дури три победи и само еден пораз и тоа им дава право да се надеваат дека и денеска може да дојдат до нов триумф. Од друга страна Скопје на последните четири гостувања немаат победа и имаат постигнато само еден гол.

Се вчитува...