Шкендија денеска може да ја обезбеди ТИТУЛАТА, Беса и Брера во битка за директен опстанок

Денешниот ден можеби е клучен во ПМФЛ за шампионската титула, и за баражот за опстанок, со оглед дека веќе испаднати се Воска Спорт, а и Гостивар ќе биде префрлен во поинзок ранг, откако овие два тима се одлучија да се откажат од македонскиот шампионат.

Тажна е овосезонската Прва лига, откако Воска најпрво напуштајќи го теренот во дуелот против Вардар се откажа од натпреварувањето, а коло подоцна истото го стори и Гостивар кој најпрво го напушти теренот на дуелот со Работнички, а потоа информираше дека се откажува од настапите во Првата лига. Сепак, треба да се почека денешниот меч против Пелистер. Битолчани треба да допатуваат во Скопје, а потоа да се види дали Гостивар ќе остане на зборот дека нема да го игра првенството. Веројатноста дека нема да се појави на денешниот меч гостиварскиот тим е голема, со оглед дека фудбалерите се веќе распуштени, немаат тренинзи, и откажувањето е речиси неминовно.

Затоа после вчерашната победа на Вардар над Шкупи, денеска на програмата ќе има само три натпревари, додека Пелистер ќе ги освои трите бода без игра против Гостивар, исто како и Тиквеш против Воска Спорт.

Шкендија денеска може да ја обезбеди шампионската титула, но само во два случаи: ако тие ја победат Струга ТЛ, а тимот на Силекс загуби на гостувањето кај Работнички. Тетовскиот тим во тој случај би имал предност од седум бодови на три кола до крајот на првенството, и ќе му треба само уште една победа. Но, со оглед дека игра против тимот на Гостивар, и доклку се случи гостиварци да не го играат мечот како што најавија, тогаш „црвено-црните“ од Тетово ќе ги добијат службено бодовите, со што е јасно дека тетовскиот тим ќе дојде до титулата.

Денешното коло носи и директна пресметка за избегнување на бараж позицијата, која носи дополнителен натпревар за опстанок во ПМФЛ. АП Брера и Беса се најсериозни кандидати за тоа 10 место. А, со оглед дека Тиквеш веќе ги освои бодовите во дуелот со Воска, за момент барем избегна од опасната зона. Доколку Брера успее да ги освои бодовите на денешниот меч, тогаш ќе му биде загарантиран опстанокот, додека ако триумфира Беса, ќе има исто бодови со струмичкиот тим, и потоа во последните три кола ќе се решава прашањето околу опстанокот.

Шкендија денеска може да се доближи до титулата, со оглед дека меѓу себе играат Работнички и Силекс, второпласираниот и третопласираниот тим на табелата. Шкендија, пак, има гостување во Струга и триумф, а „кикс“ на Силекс против Работнички, може да ја доведе до ситуацијата веќе во следното коло тетовци да слават шампионска титула.

ПМФЛ, 30. КОЛО

Скопје, Нац. Арена Тодор Проески: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

Гостивар: БЕСА – АП БРЕРА

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

Скопје, Маџари: ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР

ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-3 (службени)

ВЧЕРА:

ШКУПИ – ВАРДАР 0-2

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...