ПМФЛ: Три гола за три бода на Тиквеш против Скопје (ВИДЕО)

Тиквеш го стигна Скопје на табелата во Првата лига, откако денеска го добија директниот дуел во битката за директен опстанок. Тиквеш со три гола успеа да го совлада својот конкурент, и си ги заменија местата на табелата. Кавадарчани ги постигнаа головите кога на теренот имаа предност, со оглед дека останаа со двајца играчи помалку. Најпрво Димов заработи втор жолт картон во 31. минута, а во 45. минута Нгоба го искористи тоа и постигна гол за водство.

Во вториот дел Нгоба во 60. минута исто така многу лесно, во празна мрежа погоди за 2-0, а потоа следуваше и црвениот картон на Десниќ во 81. минута, за во 88. минута нововлезениот Ризов да донесе 3-0. На патот кон голот, топката закачи некого, и заврши во мрежата.

Мечот беше на моменти тензичен, особено по првиот црвен картон на Димов за кој Скопје имаше протести кон судиите. Потоа и втор жолт за Десниќ поради наводен удар со лакот врз противнички играч, што ја олеснија задачата за кавадарчани да дојдат до трите бода. При 0-0, Тиквеш два пати ја погоди и пречката, а Скопје освен што имаше една закана во првиот дел, која ја одбрани Давков, друго не направи ништо, особено по црвениот картон на Димов кога целосно се сруши нивната игра.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...