По 12 години централниот терен на ФФМ е со комплетно нова трева

Главниот терен на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје е со комплетна нова тревна површина. На теренот се ставени тревни бусени, обновена дренажа и нов систем за наводнување.

Претходно беше реконструиран и првиот терен на комплексот.

„Лека-полека, работите си доаѓаат на свое место. Денес овде, утре и на други стадиони низ Македонија. Фудбалот заслужува подобри услови. И ќе ги добие“, напиша претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ на својот профил на „Фејсбук“.

Се вчитува...