По 127 години променето мотото на Олимписките игри

Долгогодишното мото на Олимписките игри кое датира од 1894 година и кое гласеше „Побрзо – повисоко – посилно“, односно на латински ‘Citius – Altius – Fortius’ во пресрет на ЛОИ во Токио доби уште еден збор – заедно.

Новото мото доаѓа по предлогот на претседателот на Меѓунардониот олимписки комитет, Томас Бах кој кратко изјави дека ова е многу битен момент во историјата.

Мотото од три збора прв го изговори Французинот Анри Дидон на отварањето на спортските натпреварувања на неговиот факултет и истите ја отсликуваат целта на спортистите ширум светот.

Се вчитува...