По 40 години, повторно меѓународното авто-рели „Охрид – две езера“

АКК Примо Реисинг, Општина Охрид и Општина Ресен во соработка со Автомобилистичката федерација и Агенцијата за млади и спорт, по пауза од 40 години, викендов повторно го организираат Меѓународното авто-рели „Охрид – две езера“.

Оваа интернационална автомото манифестација последен пат беше организирана во далечната 1979 година, па сега повторно се гради проектот за нејзинот враќање. Авто-релито е од меѓународен карактер и се бодува за шампионатот на Централна Европска Зона, шампионатот на Македонија и шампионатот на Србија.

Стартот и целта на релито е во Охрид – Кеј Македонија, а рутата на движење е преку Галичица до Стење со организација на посебни специјални испити во должина од 65 километри, и вкупна должина на релито од 215 километри.

„Со организација на ваков тип на манифестација Охрид и Ресен ке бидат центар на Централна Европа во светот на автомобилизмот со што ке придонесеме за огромна промоција и поголема посетеност на Охридско-преспанскиот регион во европски рамки“ – истакнуваат организаторите на релито.

Се вчитува...