По 45 години, Милвоки ја освои Источната конференција

Милвоки сигурно ќе го заврши регуларниот дел од сеозната на првото место во Источната конференција откако лидерската позиција не може да му биде загрозена по успехот над Филаделфија од 128-122. Милвоски дојде до 59 победа, а можноста да реализира 60 сезонски триумфи, само по петти пат во историјата на франшизата  ќе ја има на четирите преостанати средби до крајот од регуларниот дел од сезоната.

Јанис Адетокумбо со 45 поени придонесе во триумфот и уште еднаш ја истакна кандидатурата на МВП на сезоната во НБА лигата.

Покрај Милвоки преку Источната конференција во разигрувањето се и Торонто, Филаделфија, Бостон и Индијана, останува уште три празни позиции. На Запад пак нема дилеми околу учесниците во плеј-офот, познати се сите осум екипи, до крајот од регуларниот дел треба само да биде одреден конечниот распоред. Заедно со шампионот, Голден Стејт во разигрувањето одат Денвер, Хјустон, Портланд, Јута, ЛА Клиперс, Оклахома и Сан Антонио.

 

Се вчитува...