По Алмада, Атлетико го продаде и Молина кој се сели во Рома

По Тијаго Алмада, Атлетико Мадрид продаде уште еден аргентински репрезентативец кој учествуваше во борбата во финалето на Светското првенство против Шпанија, имено Нахуел Молина, кој потпиша за Рома.

Наводно оваа продажба е поврзана со учеството во тепачката на Аргентинците по финалето на Светското првенство, кога токму Алмада, Молина заедно со Паредес физички се пресметуваа со играчи на Шпанија. Токму од тука јасно беше дека тие тешко ќе продолжат во Шпанија.
Алмада претходно потпиша за Ривер Плејт, а сега заминува и Молина. Атлетико не преговараше премногу за цената и беше јасно дека сакаа што поскоро да се ослободат од Молина, кого на крајот го продадоа за 13 милиони евра плус два милиони што требаше да ги добијат преку дополнителни бонуси.

Се вчитува...