По бод за Грузија и за Норвешка (ВИДЕО)

По еден бод за Грузија и за Норвешка во квалификацискиот натпревар одигран во Батуми. На крајот 1-1, а откако Норвешка водеше по првиот дел, во вториот Грузијците успеаја да израмнат.

Сорлот во 15. минута донесе предност за Норвешка. Во 61. минута Микаутадзе го израмни резултатот.

До крајот на мечот Сорлот и Одегард имаа големи шанси за да донесат победа за гостите, но не успеаја да реализираат. На овој меч не играше Ерлинг Халанд поради повреда, додека Кварацхелија беше во составот на Грузија.

Се вчитува...