Овиедо и Виљареал го затворија 32. коло во шпанската Ла Лига, играјќи без победник 1-1. Бод за едните и за другите, кој не значи ништо. Виљареал веќе има резервирано место во ЛШ, додека Овиедо има минимални шанси за опстанок и натаму е на последното место.
Поведоа гостите преку Пепе од пенал во 13. минута. Пепе го погоди повторениот пенал, откако претходно промаши Солер, односно голманот одбрани. Судијата процени дека некој од играчите на домашниот тим порано влегол во шеснаесетникот, па го повтори пеналот, па Пепе беше максимално прецизен.
ОВиедо израмни во 69. минута преку Чаира и ги постави конечните 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
