По четири часа лет – конечно во Порто: Еден тренинг, па натпревар за историја (ФОТО)

ЕКИПА во Порто,

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва пристигна во Порто, на нешто помалку од 48 часа до одигрувањето на историскиот дуел со Португалија, во финалето од баражот за СП 2022.

Летот од Скопје до Порто траеше речиси четири часа, но мина во одлична атмосфера, репрезентативците се максимално мотивирани да ја повторат добрата игра од Палермо и засилени со Елиф Елмас да се обидат да земат скалп на уште еден гигант во овие квалификации, по Германија и Италија.

Нашата национална селекција ќе одржи само еден тренинг, оној официјалниот на стадионот „Драгао“, утре со почеток во 19.30 часот, во пресрт на дуелот што на програмата е во вторник во 20.45 часот.

Се вчитува...