По десет години нова средба на Стефан Ристовски и Роналдо: Во 2012 во Леирија натпревар без голови

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Македонија и Португалија досега во својата историја имаат два меѓусебни натпревари, и двата пријателски кои завршија со една победа на Португалците и едно реми.

Првиот меѓусебен дуел двете селекции за запишан на 2. април 2003 година во Лозана кога Португалија ја победи Македонија со 1-0, со голот на легендарниот Луис Фиго. На тој меч за Македонија настапи и актуелниот помошник во стручниот штаб на Благоја Милевски, Влатко Гроздановски.

Вториот натпревар, пак, е на 26. мај 2012 година во португалска Леирија кога Македонија, под водство на Џон Тошак, ремизираше без голови со моќниот состав на Португалија предводен од Кристијано Роналдо.

Во составот на Македонија тогаш настапија и актуелните репрезентативци Стефан Ристовски и Стефан Спировски. За капитенот Стефан Ристовски по цели десет години сега следи нова средба со Кристијано Роналдо кој го одигра тој натпревар во Леирија. Но, сега во дуел со многу поголем влог – настап на Светското првенство во Катар.

Се вчитува...