По Дибала и Вајналдум доби спектакуларен пречек од навивачите на Рома (ВИДЕО)

Навивачите на Рома се во транс по новите засилувања кои пристигнаа на „Олимпико“ ова лето. Паоло Дибала доби свечен пречек во Рим, а вчера на стадионот во главниот град на Италија беа преставени и останатите играчи на кои Жозе Мурињо ќе смета во новата сезона.

Покрај Србите Миле Свилар и Немања Матиќ во пресрет на последниот подготвителен натпревар против Шахтјор на теренот излезе и Џини Вајналдум, засилувањето од ПСЖ. Холандскиот репрезентативец беше громогласно поздравен од верните навивчи кои имаат големи очекувања од поранешниот фубалер на Ливерпул.

Рома го декласираше Шахтјор, славејќи со 5-0 по головите на Пелегрини, Манчини, Конопја, Заниоло и Бове, а Холанѓанецот во новиот дрес дебитираше во 65. минута.

Се вчитува...