По долга пауза Даниел Аврамовски се врати на терените

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски се врати на терените после речиси два месеци пауза. Тој последен пат играше на 30. јули кога одигра 16. минути за Сараево, и од тогаш следуваше пауза поради повреда.

Претходно исто така паузираше, а во последните пет месеци има одиграно само 34. минути. Тој доби шанса на минатиот меч со Вележ, кога влезе во 72. минута.

„Аврамовски тренира со полн интензитет, што е за нас добро“, рече тренерот на Сараево Феѓа Дудиќ.

Утре Сараево игра против Тузла Сити, и се очекува популарниот Цујо да добие минутажа.

Се вчитува...