По драмата со ВАР, сепак, деветти гол за Миовски во Шкотска (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го запиша и деветтиот гол сезонава во Премиерлигата на Шкотска, со кој изби на втората позиција на листата на најдобрите стрелци.

Миовски во 14. коло од шампионатот погоди дури во осмата минута од судиското продолжение на првото полувреме за водство на Абердин против Хибернијан со 1-0.

Беше досуден пенал за Абердин по реакција на ВАР-системот, па откако во првиот обид македонскиот напаѓа го промаши беше досудено повторување на ударот од белата точка, поради тоа што гостинскиот голман излезе надвор од линијата, па во вториот обид Миовски погоди за 1-0 на Абердин.


Се вчитува...