По две продолженија Торонто го урна Милвоки (ВИДЕО)

Дури по две продолженија Торонто успеа да дојде до првата победа во финаната серија од Источната конференција. Го доби дуелот на домашен терен со 118-112 и ја намали предноста на Милвоки на 2-1 во победи. По два дена, четвртиот натпревар повторно е во Онтарио.

И покрај тоа што посотјано ја имаше предноста и контролата на резултатот, Торонто сепак мораше преку два дополнителни периода да се бори за победата. Каваи Ленард беше херојот кој на крајот од вторто продолжение ја презеде одговорностаи и со две украедени топки, скок во напад и шест поени го одведе тимот со триумф.

Ленард мечот го заврши со 35 поени. Го следеше Паскал Сиакам кој псотигна 25, Марк Гасол имаше 16. Кај Милвоки, Јанис Адетокумбо посотигна 16 поени, а имаше и 23 скока, Брук Лопез заврши со 16 поени, а најефикасни беа играчите од клупата, Џорџ Хил со 24 и Маклом Брогдон со 20 поени.

 

Се вчитува...