Фудбалерите на Шкендија Арачиново го освоија историскиот прв бод во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска на домашен терен ремизираа против Силекс 1-1 во премиерниот натпревар од 2. коло.
Домаќините кои своите натпревари ги играат на стадионот во Чаир, поведоа со 1-0 во првото полувреме со гол од пенал на Бесир Демири, откако по помош на ВАР главниот судија Игор Стојчевски досуди на белата точка.
ВАР повторно беше во прв план и во финишот на мечот кога по негово прегледување Стојчевски досуди пенал и за гостите кој успешно го реализираше Есмир Хасукиќ во 84. минута за конечни 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
