По Гасол сака да си оди од Сан Антонио, ама никој него не го сака

Искусниот шпански кошаркар По Гасол, како што пренесува „ЕСПН“, побарал од Сан Антонио да замине од клубот пред крајот на преодниот рок, но бидејќи Спарс не нашле негова замена, размената со друг клуб нема да се случи до крајот на сезоната.

Гасол сезонава игра малку, само 12,5 минути во просек притоа запишувајќи просечно 4,4 поени. Апсолутно ниту еден друг клуб не се решава да го земе Гасол, не поради неговите години туку поради нереално високиот договор кој изнесува по 16 милиони долари за оваа и следната сезона.

Неговиот брат, Марк Гасол, веќе го дозна името на својот нов клуб. Кариерата ќе ја продолжи во Торонто репторс.

Се вчитува...