По катастрофата во квалификациите: Крстајиќ го напушта кормилото на Бугарија

Српскиот тренер Младен Крстајиќ најверојатно ќе го напушти кормилото на бугарската репрезентација. Србинот не ги оправда очекувањата, откако се чини пропаднаа уште едни квалификации за Бугарија, после поразите од Црна Гора дома и од Унгарија на гостински терен.

Крстајиќ добива многу критики од бугарските аналитичари, а еден од оние кој беше најжесток критичар на Србинот е легендариот Димитар Бербатов кој не штедеше зборови кон неговото лошо водење на репрезентацијата.

Српските медиуми, пак, шпекулираат дека Крстајиќ ќе си замине од кормилото поради тоа што ќе треба да го превземе тимот на Макаби Хаифа од Израел. Актуелниот тренер на израелскиот тим Барак Бахер по завршувањето на сезоната се сели во Белград и ќе го презеде кормилото на Црвена Звезда, а негова замена би требало да биде токму Крстајиќ.

Крстајиќ дојде на чело на Бугарија во текот на минатиот циклус на Лигата на Нации. Со него Бугарија дојде до победа над Македонија во Скопје со 0-1.

Се вчитува...