Само неколку часа откако објави дека се разделува од Лиридон Љатифи, Шкендија и официјално се раздели и со Ибрахим Алхасан. На Алхасан договорот му истече по крајот на сезоната, и истиот нема да биде продолжен.
Тој мина две години во „црвено-црниот“ дрес на тимот од Тетово, и Шкендија му посака успех во иднина.
25-годишниот Нигериец од средниот ред се приклучи на Шкендија во 2024 година, и освои една титула со тимот, а беше дел и од историјата на клубот во Лигата на Конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
