По Мората, Челси ќе се обиде да го купи и Бензема од Реал Мадрид

Челси се повеќе тоне во проблеми како што се доближува крајот на сезоната. „Сините“ со поразот од Тотенхем речиси ги загубија сите надежи за пласман меѓу најдобрите четири екипи кои следната година би играле во ЛШ, што значи дека ќе мора да се направат големи промени во редовите на лето со цел да се вратат во елитата.

Газдата Роман Абрамович самиот одреди неколку фудбалери како потенцијални засилувања, а прв на листата како големо изненадување се најде напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема. По доведувањето на Алваро Мората кој е рекордно засилување на клубот од Лондон, Челси го посакува и другиот голгетер на „кралевите“.  Ниту ангажманот на Оливие Жиру во јануари кој е втора напаѓачка опција не е доволен за рускиот газда, па сака уште еден напаѓач во реноме на врвен играч во своите редови.

Бензема речиси со сигурност ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по крајот на оваа сезона, шпанските медиуми сметаат дека времето на Французинот во Мадрид му истече, откако сезонава игра далеку од својата форма и речиси да нема никаков допринес за екипата. Реал се отворени за преговори за услугите на нивната „9-ка“, знаејќи дека средствата од неговата продажба би биле искористени за купување на нови „галактикоси“ во следниот преоден рок.

Се вчитува...