По првата победа како тренер, Руни ги навреди навивачите

Вејн Руни пред неполн месец доби шанса како привремен прв тренер на Дерби Каунти, а пет натпревари подоцна конечно стигна и до првиот триумф.

На гостувањето против Милвол, тимот на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед славеше со минимални 1-0, но победата на дуелот во Лондон беше засенета со однесувањето на домашните навивачи, кои за прв пат се најдоа на трибините оваа сезона. Наиме, додека неговите играчи на почетокот на натпреварот клечеа во знак на поддршка за движењето за еднакви човекови права, навивачите на Милвол со свирење протестираа против истото.

„Сведочев на срамно и ненормално однесува на голем дел од навивачите на Милвол. Знаевме дека може да дојде до проблеми во делот на клечење во знакот на поддршка на движењето „BLM“, но ништо не можеше да не припреми за тоа што го чувме. Враќањето на навивачите е пресудно за доброто на сите во нашиот спорт, од навивачите преку играчите па до претседателот и сопственикот. Затоа е многу важно поголемиот дел од нас да покажеме меѓусебно поштување и поддршка, со тоа што нема да го толерираме однесувањето на поединци“ – порача Руни.

 

Се вчитува...