На Хрватска може да и се случи сценариото „Русија“ и „коцкестите“ да останат без официјалните ознаки за меѓународните натпреварувања, пренесуваат хрватските медиуми. Имено, Светската антидопинг агенција (ВАДА) во декември ќе ја посети Хрватска по што е можна суспензија за апсурдна причина.
Според регулативите на ВАДА, државите мораат да имаат независна антидопинг агенција која во Хрватска од 2010 година е споена со Заводот за токсикологија.
„ВАДА има јасни прописи со кои националната антидопинг агенција мора да биде целосно независна и не смее да биде врзана за држаен завод или служба. Моментално работиме на подготовка на закон за промена и дополнување на Законот за здравствена заштита и тоа е добра шанса да го промениме случајот. Но, според моите сознанија нема да се промени овој дел. Со тоа Хрватска може да биде прогласена за држава која не се совпаѓа во регулативите и ни се заканува суспензија како онаа на Русија и Северна Кореја“, изјави претседателот на Хрватското друштво за спортска медицина, Давор Плавец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА