По срамната елиминација на Лацио – Гатузо им се извини на навивачите!

Неславен старт на сезоната за Џенаро Гатузо на клупата на Лацио кој неочекувано загуби со 0-2 од второлигашот Мантова на „Олимпико“ во Рим, и е елиминиран уште во првото коло од Купот на Италија.

Гатузо, по мечот, ја презеде целосната одговорност за испаѓањето извинувајќи им се на навивачите на клубот.

Но, ова е само продолжување на низата неуспеси на Гатузо кој без никакво успех во сезоната 2024/25 го напушти сплитски Хајдук, а потоа доживеа дебакл со Италија во баражот за СП 2026.

„Ова е тежок удар, но мора брзо да се смириме и да се насочиме кон што подобра подготовка за сезоната во Серија А. Ја преземам целосната одговорност, па им се извинувам на нашите навивачи. Но, цврсто стојам зад овие момци кои даваат се од себе“, рече Гатузо.

Според Гатузо Лацио има добар играчки кадар и не проблемот во тоа, но во моментот на настап на оние кои добија шанса.

„Проблемот не е во играчкиот кадар кој го имаме, туку во играчите кои играа. Ни треба поголема одговорност, посветеност, па сигурно ќе биде онака како што посакуваме“, рече тој.

Се вчитува...