По стапките на Бускетс: Жорди Алба најави крај на кариерата

Уште една фудбалска легенда најави дека на крајот од сезонава ќе каже збогум на најважната споредна работа на светот, Жорди Алба попладнево преку видео-порака обелодени дека пред крајот на годинава ќе ја заврши својата богата кариера.

Легендарниот лев бек на Барселона од неодамна ги брани боите на Интер Мајами, клуб каде дојде на инсистирање на својот добар пријател Лео Меси. Тој игра на највисоко ниво во МЛС-лигата, викендов постигна два гола во последниот триумф на својот тим, но 36-годишниот Алба сепак реши на крајот од сезонава дефинитивно да ја заврши кариерата.

„Дојде време да се заврши една значајна фаза од мојот живот. Донесов одлука да ја завршам професионалната кариера на крајот од оваа сезона. Одлуката е донесена со апсолутна убеденност дека сум во право, среќен за се што сум постигнал како играч“, објави Алба.

Левиот бек ги следи стапките на Серхио Бускетс, кој исто така најави крај на кариерата. На ист чекор се реши и ветеранот Луис Суарез, па Лео Меси ќе мора да бара нови врвни соиграчи за следната сезона, која речиси сигурно ќе биде последна во кариерата на најдобриот фудбалер на сите времиња.

Се вчитува...