По Суарез уште една легенда на Барселона се сели во Атлетико Мадрид

Барселона направи голема грешка кога минатото лето буквално го избрка Луис Суарез, кој премина во редовите на Атлетико Мадрид без обештетување и го предводеше тимот до шампионската титула во Ла Лига.

Каталонскиот гигант и ова лето ќе прави чистка, а на трансфер-листата освен Серхи Роберто, Жуниор Фирпо, Филипе Кутињо и Антоан Гризман се наоѓа и Жорди Алба. Диего Симеоне сака да го доведе левиот бек на „Ванда Метрополитано“, пишува весникот „АС“.

Можеби не е во најдобрите години, но Алба и натаму игра на врвно ниво, па доколку добие зелено светло од Барселона ќе започне преговори со клубот од Мадрид. Симеоне има проблеми на левата бековска позиција со Ренан Лоди, но и со Марио Ермосо. Двајцата воопшто не импресионираат, па затоа Алба би бил идеално засилување.

Се вчитува...