По цели девет месеци Марјан Радески се врати на терените

По цели девет месеци македонскиот репрезентативец Марјан Радески повторно се врати на фудбалските терени, одигрувајќи ги првите минути на официјален натпревар.

Радески влезе во игра во 80. минута, на местото на Валмир Нуфиу, на дуелот против Силекс во Кратово, во рамките на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига, кој Шкендија го доби со 0-3.

Крилниот офанзивец, како што е познато, заработи тешка повреда на европскиот натпревар на Шкендија против Њу Сеинтс во јули минатата година. По хируршката интервенција, од тогаш течеше рехабилитацискиот период за да сега по девет месеци повторно се врати на фудбалската игра.

Се вчитува...